• понеделник, 23 декември 2024

Општина Велес почна со пролетната дератизација на јавни површини и објекти

Општина Велес почна со пролетната дератизација на јавни површини и објекти
Велес, 11 мај 2022 (МИА) - Во Велес денеска  започна со спроведување на пролетна дератизација на јавни површини и објекти кои се во надлежност на општината. Во следните неколку дена екипите на ЈЗУ Центар за Јавно здравје-Скопје ќе опфатат површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот како и двата брега на реката Вардар, од Башино Село до компанијата „Агриа“. Како што информираат од Општина Велес,оваа е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести. Сето тоа, посочуваат, во согласност со Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената  заштита за 2022 година. Додаваат дека дератизација  се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Општина Велес ги известува граѓаните дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. - Со одобрение од Министерство за здравство на Р.С.Македонија, за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет,појаснуваат од Општина Велес. ад/цр  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан