• петок, 05 декември 2025

Опрема за управување со отпад од 10,7 милиони евра за општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион

Опрема за управување со отпад од 10,7 милиони евра за општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за набавка за опрема за управување со отпад во вредност од околу 10,7 милиони евра, која ќе им помогне на 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион да воспостават современ систем за управување со отпад по европски стандарди, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

На настанот ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, а предвидено е да присуствуваат и претставници на ЕБОР. ев/лв/

Фото: Архива

Остани поврзан