• петок, 22 ноември 2024

Опозициските демократи бараат од ЕПП поддршка за во Албанија да се врати владеењето на правото 

Опозициските демократи бараат од ЕПП поддршка за во Албанија да се врати владеењето на правото 

Тирана, 30 септември 2024 (МИА) - Пратеничката на албанската опозициска Демократска партија, воедно и потпретседателката на ЕПП-жени, Албана Вокши, побарала од Европските народни партии (ЕПП) и европските институции да ги поддржат напорите на опозицијата и граѓаните за да се вратат во Албанија, според неа, владеење на правото, преку почитување на гласот за слободна, независна правда и спроведување на Уставот.

На Форумот на жени на Европската народна партија, кој ја одржа Есенската академија во Маракеш, Мароко, Вокши истакна дека Албанија има три главни проблеми: големата корупција на владата, недостатокот на владеење на правото и политичка контрола на правдата и масовниот егзодус на албанските граѓани.

Според неа, во Албанија еден единствен човек, премиерот, ја акумулирал целата власт во свои раце и ги користи Собранието, правосудните органи, медиумите за да ја одржи својата лична власт.

-Во последните 10 години, над милион Албански граѓани ја напуштиле државата, од кои 75 отсто во најактивна возраст, под 40 години и обучени за своите професии, лекари, медицински сестри, инженери, ИТ. Тие не гледаат иднина, бидејќи државата има голем проблем. Во секоја клетка на државата има корупција и владата е поврзана со организираниот криминал, кој ја контролира економијата. Заминувањето на најактивниот дел од општеството, недостатокот на одговорност од владата, која останува на власт со гласовите купени од криминалот и корупцијата, го натера општеството да го намали отпорот кон лошото владеење, рече Вокши.

Го коментирала и судењето и затворањето на пратеникот Ервин Салијањи, за "клевета" што и тој и партијата го сметаат за "политички прогон на опозицијата".

-Неделава во политичко судење беше затворен заменик координаторот на пратеничката група на ДП, Ервин Салијањи, бидејќи ги осуди врските на трговците со дрога со албанската Влада, поточно братот на министер за внатрешни работи. Пораката за затворањето на нашиот колега е порака за целата опозиција: замолчи, посочила таа.

Додала дека "денеска имаме тројца политички затвореници по наредба на Еди Рама". 

- Утре би можела да бидам јас или кој било друг колега, ако не реагираме да го запреме овој путинистички режим, потенцирала Вокши. вт/сд/

Фото: ФБ Вокши

Остани поврзан