• петок, 05 декември 2025

Опожарено возило на 31-годишен скопјанец

Опожарено возило на 31-годишен скопјанец

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - Во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје, настанал пожар во возило „фолксваген транзит“, сопственост на 31-годишниот скопјанец С.К.. Случајот бил пријавен денеска во Секторот за внатрешни работи - Скопје во 3:59 часот.

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од таткото на сопственикот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан