• петок, 05 декември 2025

Опожарени возила во сервис кај Пинтија, повредени нема, потпалувачот снимен на камера (видео)

Опожарени возила во сервис кај Пинтија, повредени нема, потпалувачот снимен на камера (видео)

Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излезе на лице место и со  осум возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот, наведува ДЗС за пожарот кој избувнал над Стаклара во местото наречено Каменик.

ДЗС посочи дека се работи за „тежок пожар“ затоа што во сервисот за возила имало повеќе автомобили, масло и други запалливи предмети и благодарение на брозото пријавување на пожарот и брзата реакција, била спречена поголема катастрофа.

Според очевидци, рано утрото се слушнал звук како пукање, по пријавата била брза реакцијата на пожарникарит, нема повредени, причинета е само материјална штета. хс/мд/

Фото: принтсксрин

Видео: ФБ

Остани поврзан