Оперативно-тактичка вежба „Пролет-22“
- Во кругот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи оперативно-тактичка вежба „Пролет-22“, прва од ваков обем, на која ќе биде претставена подготвеноста на полицијата при вр
Скопје, 20 април 2022 (МИА) - Во кругот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи оперативно-тактичка вежба „Пролет-22“, прва од ваков обем, на која ќе биде претставена подготвеноста на полицијата при вршење на задачите од областа на безбедноста.
Како што соопшти МВР, на настанот покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствуваат и други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјата. дма/бак/
Фото: МИА архива