• вторник, 05 ноември 2024

Операта „Боеми“ на Пучини вечер во НОБ

Операта „Боеми“ на Пучини вечер во НОБ

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта во четири чина „Боеми“ од Џакомо Пучини, приказна за  животот на љубовниците Родолфо и Мими, чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите”од Хенри Мургер.

-Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски, соопшти НОБ.

Режисер на претставата е  Дејан Прошев, диригент Бисера Чадловска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор Верица Ламбевска, хор-мајстор - Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.

Ќе настапи домашна солистичка екипа: Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски, Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет. хс/аа/

Фото: НОБ

Остани поврзан