• сабота, 23 ноември 2024

ООУ „Лазо Трповски“ учествуваше на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио

ООУ „Лазо Трповски“ учествуваше на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош, Скопје и годинава, 12. пат едноподруго учествуваше на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега има освоено три награди (2015, 2016 и минатата 2021 година). Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио и се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ во главниот град на Јапонија. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Годинава на овој натпревар, на кој учествуваа 19.986 учесници од 152 земји со свои лични творби, напишани во форма на есеј на тема „Моите вредности“, училиштето го претставуваа тројца ученици: Лара Станчева, Тамара Ѓоќеска и Атанас Стаматовски под менторство на предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски. На учесниците на натпреварот им се обрати Јанаги Такаши, заменик-министер за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. -Свесен сум дека годинава на натпреварот пристигнаа голем број прекрасни есеи. Благодарејќи на ваквата иницијатива, се надевам дека младите од целиот свет, идни лидери, ќе знаат меѓусебно да соработуваат и на тој начин ќе дадат придонес за мирот во светот, изјави Такаши. Учесниците од целиот свет и нивните ментори независно од конечниот пласман, согласно одлуката на стручното жири добиваат соодветни признанија. мд/лв/  

Остани поврзан