ОН ја осуди одлуката на Израел да го прекине пристапот до Газа на десетици невладини организации
- Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, ја оцени како „скандалозна“ заканата на Израел од јануари да ја прекине работата на десетици хуманитарни организации во Газа и ги повика државите итно да побараат од Израел промена во неговата политика.
Женева, 31 декември 2025 (МИА) – Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, ја оцени како „скандалозна“ заканата на Израел од јануари да ја прекине работата на десетици хуманитарни организации во Газа и ги повика државите итно да побараат од Израел промена во неговата политика.
Израелската одлука за „прекинување на дејноста на многу хуманитарни организации во Газа е скандалозна“, нагласи тој.
- Таквите самоволни прекинувања дополнително ја влошуваат и без тоа неподносливата ситуација за населението на Газа, додаде Тирк.
Исламистичката организација Хамас од своја страна ги оцени како „криминално однесување“ израелските одредби, според кои 37 хуманитарни организации од утре се соочуваат со закана за забрана на пристап до Газа.
- Ова е дел од обидите на окупаторите да ја политизираат хуманитарната дејност и да ја претворат во инструмент за уцена против нашиот палестински народ, нагласи движењето, повикувајќи ја меѓународната заедница „да преземе итни и ефективни мерки за осуда на ова криминално однесување“. јт/
Фото: Тирк на Х