• петок, 20 декември 2024

ОН: Успешно завршено испумпувањето на нафта од напуштен танкер во Црвеното Море

ОН: Успешно завршено испумпувањето на нафта од напуштен танкер во Црвеното Море

Сана, 11 август 2023 (МИА) - Обединетите нации денеска соопштија дека е завршено испумпувањето на повеќе од еден милион барели нафта од напуштен танкер во близина на брегот на Јемен во Црвеното Море.

Со години многу организации предупредуваат дека бродот „Сафер“, кој не се одржува од 2015 година, е во опасност од големо излевање на нафта или експлозија.

Шефот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Ахим Штајнер изјави дека најважната фаза од операцијата на танкерот за нафта „Сафер“ е завршена.

Следниот чекор ќе биде чистење на резервоарот на „Сафер“ и подготовка на бродот за влечење. „Таа фаза се очекува да трае помеѓу две и три недели“, рече Штајнер.

Танкерот „Сафер“ е изграден во 1970-тите и продаден на Владата на Јемен во 80-тите години, која го користела како складиште за нафта која се добивала во источен Јемен.

Бродот е долг 360 метри и има 34 резервоари за складирање. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан