• петок, 22 ноември 2024

ОН со строга осуда на репресиите во Иран на годишнината од смртта на Махса Амини

ОН со строга осуда на репресиите во Иран на годишнината од смртта на Махса Амини

Женева, 19 септември 2023 (МИА) - Обединетите нации остро ги осудија акциите на иранскиот безбедносен систем на првата годишнина од смртта на Махса Амини, младата иранска Курдка, чија смрт лани ги предизвика најголемите протести во Иран во последните децении, јави ДПА.

„Во изминатиот месец, властите приведоа десетици бранители на човековите права, што изгледаше како заеднички напори да ги прекинат протестите за одбележување на годишнината од минатогодишните демонстрации против смртта на Махса Амини“, се наведува во денешното соопштение на ОН, што го пренесува германската агенција.

Властите досега не успеаја да спроведат независна, непристрасна и транспарентна истрага за смртта на Амини, се додава во ставот на ОН.

Во саботата се одбележа првата годишнина од смртта на Амини.

Иранската полиција за морал ја приведе тогашната 22-годишна девојка бидејќи наводно не ја носела правилно шамијата. Што точно се случило потоа се уште е нејасно, но на крајот младата жена паднала во кома и починала во болница.

Илјадници луѓе се собраа на погребот на Амини, а потоа, почнувајќи од курдските региони, протестите се проширија низ целата земја, потсетува ДПА. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан