• сабота, 16 ноември 2024

ОН соопштија дека 2023 била најсмртоносната година за мигрантите од 2014

ОН соопштија дека 2023 била најсмртоносната година за мигрантите од 2014

Женева, 6 март 2024 (МИА) – Минатата година, повеќе луѓе умреле на миграциските рути ширум светот отколку кога било од почетокот на собирањето податоци во 2014 година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ).

„Проектот за исчезнати мигранти“ на ИОМ регистрира вкупно 8.565 смртни случаи во 2023 година, што е за 20 проценти повеќе од една година претходно.

Вкупно, проектот ја документира смртта на повеќе од 63.700 луѓе од неговото лансирање, речиси половина од нив во Медитеранот, пренесува ДПА.

Според овие информации, најопасна миграциска рута во 2023 година останала Медитеранот, со најмалку 3.129 смртни случаи.

Во меѓувреме, ИОМ веќе регистрира 254 смртни случаи во Медитеранот оваа година.

ИОМ нагласи дека реалните бројки се проценуваат дека се значително повисоки бидејќи регистрира само проверени случаи. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан