• петок, 22 ноември 2024

ОН: Руски официјални лица најверојатно вмешани во труењето на Навални

ОН: Руски официјални лица најверојатно вмешани во труењето на Навални
Њујорк, 1 март 2021 (МИА) - Експерти за човекови права на Обединетите нации денеска изјавија дека претставници на руската Влада многу веројатно се вмешани во труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални минатата година и тврдат дека намерата била да се даде „злобно предупредување“ за да се замолчат неистомислениците. „Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледната шема на обиди за убиства, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности околу труењето на Навални“, се наведува во заедничката изјава на експертите на ОН, Агнес Каламард и Ирене Кан. паг/

Тагови

Остани поврзан