• сабота, 23 ноември 2024

ОН критикува владин извештај за расни нееднаквости во Британија

ОН критикува владин извештај за расни нееднаквости во Британија
Женева, 19 април 2021 (МИА) - Експертите за човекови права на Обединетите нации денеска го критикуваа извештајот за расните нееднаквости во Велика Британија, нарачан од тамошната влада, оценувајќи дека тоа е обид за „нормализирање на надмоќта на белите лица, и покрај доказите за институционален расизам“. Во извештајот на британската Комисија за расни и етнички нееднаквости се вели дека Велика Британија може да послужи како „модел за други земји со мнозинство бело население“, што ги налути критичарите кои го окарактеризираа извештајот како „прикривање“ на расни проблеми. „Во 2021 година е зачудувачки да се прочита извештај за расна и етничка припадност што ги претвора расистичките стереотипи во факти и ги извртува податоците“, се вели во соопштението на група експерти на ООН. Во извештајот на британската Влада се вели дека географијата, семејството и социо-економските фактори играат поголема улога во животните шанси отколку расата. Експертите на ООН, сепак, велат дека извештајот користи познати аргументи само за да ја оправда расната хиерархија. „Обидите за нормализирање на надмоќта на белите лица, и покрај значителното истражување и доказите за институционален расизам, се несреќно отфрлање на пропуштањето на можноста да се признаат злосторствата од минатото ... за да се оди напред“, велат експертите на ООН Тие исто така го осудија „митското претставување на ропството“ како обид на поранешната колонијална моќ да го испере својот удел во историјата на трговијата со робови. паг/  

Остани поврзан