• вторник, 12 ноември 2024

ОН им го укина правото на глас на седум земји поради неплатени придонеси

ОН им го укина правото на глас на седум земји поради неплатени придонеси
Њујорк, 11 јануари 2020 (МИА) - Обединетите нации соопштија дека седум земји премногу доцнат со плаќањето придонеси, па затоа ја губат можноста за гласање во Генералното собрание со 193 членки. Портпаролот на ОН, Стефан Дизарик изјави дека станува збор за Венецуела, Либан, Централноафриканската Република, Гамбија, Лесото, Тонга и Јемен. Тој истакна дека уште три држави - Комори, Сао Томе и Принсипе и Сомалија, исто така доцнат, но е одлучено да можат да го задржат својот глас до септември. гт/

Остани поврзан