• четврток, 19 декември 2024

ОН изразија загриженост за извештаите дека луѓе бегаат од Украина

ОН изразија загриженост за извештаите дека луѓе бегаат од Украина
 Њујорк, 25 февруари 2022 (МИА) - Обединетите нации изразија загриженост поради извештаите за луѓе кои бегаат од Украина по руската инвазија, јави ДПА. -Загрижени сме поради извештаите за движење на мажи, жени и деца кои бегаат барајќи безбедност и заштита, изјави координаторот на ОН за итна помош Мартин Грифитс. Тој додаде  дека најважното прашање во моментов е колку бегалци имаат за цел да ги преминат границите, што, исто така, ќе зависи од натамошниот тек на војната.сд/

Остани поврзан