• петок, 22 ноември 2024

ОН: Завојуваните страни во Судан прибегнуваат кон злоставувања

ОН: Завојуваните страни во Судан прибегнуваат кон злоставувања

Дамаск, 23 февруари 2024 (МИА) - Двете завојувани страни во граѓанската војна во Судан прибегнуваат кон злоставувања што може да се сметаат за воени злосторства, вклучително и напади врз цивилни објекти како што се болници, пазари, па дури и кампови во кои се сместени раселените лица, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права.

Со досегашните напори не се успеа да се стави крај на десетмесечниот жесток конфликт меѓу редовните судански вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка (РСФ). Илјадници лица досега се убиени, а околу осум милиони беа принудени да ги напуштат своите домови, со што Судан стана земја со најголем број раселени луѓе во светот.

Судан побара ОН веднаш да ја прекинат политичката мисија во земјата. Дел од таквите злоставувања и кршења на човековите права може да претставуваат воено злосторство, изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк.

- Оружјето мора да замолкне, а цивилите да бидат заштитени, додаде тој.

Канцеларијата на Турк денеска соопшти дека високиот комесар прегледал и проучувал „веродостојни“, иако непотврдени, докази на видеа на кои се прикажуваат војници во воени униформи како парадираат со отсечени глави на наводните поддржувачи на РСФ, притоа извикувајќи етнички навреди.

Суданската војска призна дека видеото е „шокантно“ и наведе дека ќе го истражи инцидентот. 

Портпаролот на високиот комесар на ОН за човекови права изјави дека канцеларијата на Турк, заедно со суданските власти, ќе го следат напредокот на истрагата.

САД веќе официјално утврдија дека завојуваните страни извршиле воени злосторства и објавија дека припадниците на РСФ и сојузничките милиции биле вклучени во етничкото чистење во Западен Дарфур. Двете страни изјавија дека ќе ги истражат извештаите за убиства и злоставувања и дека ќе го гонат секој кој е вмешан во нив. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан