• понеделник, 27 мај 2024

ОН го прекинуваат ноќното испорачување помош во Газа по смртта на хуманитарците од WCK

ОН го прекинуваат ноќното испорачување помош  во Газа по смртта на хуманитарците од WCK

Њујорк, 4 април 2024 (МИА) - Обединетите нации го прекинаа ноќното движење низ Газа на најмалку 48 часа за да ги проценат безбедносните прашања по убиството на вработените во добротворната организација „Светска централна кујна“ (World Central Kitchen), изјави синоќа портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Светската програма за храна (WFP) продолжува со дневните операции, вклучувајќи и испраќање дневни конвои во северниот дел на Газа, „каде луѓето умираат“, рече портпаролот на ОН.

-Бидејќи гладот ​​се шири, потребен ни е хуманитарен персонал и залихи за да можеме слободно и безбедно да се движиме во Појасот Газа, додаде Дужарик, прецизирајќи дека прекинот на ноќните испораки на помошта стапи на сила во вторникот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел, во воздушниот напад врз Газа во понеделникот, по грешка убил седум лица кои работеле за Светската централна кујна, што предизвика осуда и повици за објаснување од САД и другите сојузници.

ОН долго време се жалат на пречките во испораката на помошта и нејзината дистрибуција низ Газа и постојано повикуваат на итен хуманитарен прекин на огнот во шестмесечната војна меѓу Израел и Хамас.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан