• вторник, 05 ноември 2024

ОН: ВО Тиграј гладуваат околу 350.000 луѓе

ОН: ВО Тиграј гладуваат околу 350.000 луѓе
Њујорк, 10 јуни 2021 (МИА) - Во анализата на Агенцијата на Обединети нации и групите за помош се проценува дека околу 350.000 луѓе во егиопискиот регион Тиграј, погоден од конфликти, гладуваат. Етиописката Влада ги оспорува необјавените податоци од анализата во која се наведува дека на луѓе во Тиграј имаат итна потреба за храна, како и оти им е потребна поддршка во земјоделскиот сектор. Во ноември минатата година почна конфликтот помеѓу етиописките владините сили и поранешната владејачка партија во Тиграј, Фронтот за народно ослободување Тигреј (ТПЛФ). Армијата на соседната Еритреја се вклучи во конфликтот со поддршка на етиопската Влада. Во насилствата убиени се илјадници цивили, а повеќе од два милиони луѓе мораа да ги напуштат своите домови. ми/

Остани поврзан