ОН бараат од донатори четири милијарди долари за хуманитарни операции на палестинските територии
- Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во денешниот апел повика и на отстранување на сите пречки за влез на помошта.
Ерусалим, 11 декември 2024 (МИА) - Обединетите нации бараат од донаторите да обезбедат повеќе од четири милијарди долари за финансирање на хуманитарни операции на палестинските територии, главно во Газа која е разурната од војната.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во денешниот апел повика и на отстранување на сите пречки за влез на помошта.
Агенциите на ОН велат дека испораката на помош во Газа е отежната од израелските ограничувања и кршењето на законот и редот.
Израел тврди дека дозволува да влезе доволно помош и ги обвинува ОН дека не ја дистрибуираат на палестинска територија.
ОН за Газа бараат 3,6 милијарди долари за следната година и околу 450 милиони за Палестинците на окупираната палестинска територија на Западниот Брег.
Во израелската офанзива започната по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година на југот на Израел, беа уништени големи делови од опколената територија, а околу 90 отсто од 2,3 милиони жители беа раселени.
Многумина се раселени повеќе пати и живеат во преполни кампови со шатори, со малку храна и други потреби. Поголемиот дел од населението се потпира на меѓународна помош.сд/
фото:МИА архива