• понеделник, 23 декември 2024

Омаж на „Скопски колажи“ од Валентина Бахти

Омаж на „Скопски колажи“ од Валентина Бахти
Скопје, 27 јули 2022 (МИА) - Издавачката куќа „Готен“ вечерва во кафе-книжарницата Буква ќе ја престави изложбата „Скопски колажи“, како еден вид на омаж на Валентина Бахти која се состои од писма и колажи. Писмата се разменувани за време на нејзиниот резиденцијален престој во Скопје со српскиот актер Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, и колажите се фотографии што ги имаат направено таа и фотографот Диме Данов. Изложбата ќе биде придружена со музичка изведба и читање поезија на Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Владимир Лукаш, Ѓоко Здравески, Иван Шопов и Андреј Ал-Асади. Валентина Бахти (Прокупље, 1995) е поетеса, преведувачка, актерка и фотографка. Нејзината прва двојазична книга поезија, „Помеѓу“, ја има објавено издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, а втората, „Да се скршат коските“, издавачката куќа „Дибидус“ од Белград. Таа е една од организаторите на Скопскиот поетски фестивал, а ги уредува и списанијата за книжевност и култура astronaut.ba и bludnistih.com. сх/сп/

Остани поврзан