• недела, 22 декември 2024

Олуџоби го однесе МЗТ во полуфиналето, Куманово испушти 10 разлика во финишот

Олуџоби го однесе МЗТ во полуфиналето, Куманово испушти 10 разлика во финишот
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) – Освојувачот на купот, МЗТ Скопје Аеродром е последниот полуфиналист во плејофот на македонското кошаркарско првенство. Аеродромци вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во крајно драматичен натпревар го совладаа Куманово по продолжение со 94:93, иако на само три минути пред крајот на основните 40, губеа со десет поени разлика (69:79). Херој во домашниот состав беше Феми Олуџоби кој „мајсторката“ ја заврши со 37 индексни поени (32 коша и девет скокови). Хасани Гравет имаше исто така одличен меч со 23 индексни поени (21 поен и 10 асистенции). Во поразениот тим се истакнаа Црниќ со 27 поени, Робев со 19 и Ливингстон со 17 поени. Противник на МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналната пресметка која ќе се игра до три добиени средби ќе биде тимот на Пелистер. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Работнички и Еуро Никел. зс/

Остани поврзан