• петок, 22 ноември 2024

Олимпијакос им дозволи на странците да ја напуштат Грција

Олимпијакос им дозволи на странците да ја напуштат Грција
Атина, 15 март 2020 (МИА) – Управата на кошаркарскиот клуб Олимпијакос од Атина им дозволи на своите играчи од странство да ја напуштат Грција поради прекин на сезоната во Евролигата, како резултат на избувнување на коронавирус, пренесе „Еурохопс“. На играчите на Олимпијакос им беше дозволено да ја напуштат локацијата на тимот и да се вратат дома до понатамошно известување, бидејќи натпревари и тренинзи нема да се одржат наредните неколку недели. Олимпијакос стана вториот тим во Евролигата по Жалгирис, кој ги ослободи своите играчи. зс/

Остани поврзан