• понеделник, 23 декември 2024

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, најавува новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

Како што соопштија денеска од АХВ, Миланов на средбата со поранешниот директор на Агенцијата Николче Бабовски истакнал дека дигиталната трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон Агенцијата за храна и ветеринарство.

- Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и задрвствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор, истакнал Миланов.

Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посакал успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство. сст/бак/

Фото: АХВ

 

Остани поврзан