• петок, 26 април 2024

Оливер Бакрески избран за декан на Филозофскиот факултет на УКИМ

Оливер Бакрески избран за декан на Филозофскиот факултет на УКИМ

Скопје, 17 април 2024  (МИА) - Проф. д-р Оливер Бакрески, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир, денеска е избран за декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

На тајното гласање тој добил повеќе гласови од двајцата противкандидати - професорите Никола Минов и Зоран Киткањ. 

Бакрески на позицијата декан на Филозофскиот факултет на УКИМ доаѓа на местото на досегашниот декан, проф. д-р Ратко Дуев. хс/нд/

Фото: Филозофски факултет-Скопје 

Остани поврзан