• вторник, 17 декември 2024

Олгун Ајдин го напушта Шкупи

Олгун Ајдин го напушта Шкупи

Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) – Претседателот на македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи, Олгун Ајдин го напушта клубот од Чаир.

Шкупи преку социјалните мрежи објави за одлуката на Ајдин да се повлече.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението од ФК Шкупи:

- Претседателот Олгун Ајдин на заедничка вечера со своите вработени најави заминување од ФК Скопје. На ова истото предупреди веднаш по мечот со Вардар, додека ова веќе ја доби вистинската форма.
Олгун Ајдин го зеде клубот ФК Скопје да го спонзорира од 2021 година и во првата сезона по неговото доаѓање обезбедивме излез во Европа.
Со Олгун Ајдин претседател, ФК Шкупи покрај тоа што играше во Европа пет последователни сезони, во годината 2022 стана шампион враќајќи го најдобриот трофеј на Чаир по 21 година.
Ова се бројките кои говорат за успесите на нашиот клуб под водство на претседателот Олгун Ајдин, кој за понеделник преку видеоснимка го најави својот последен настап, стои во соопштението на чаирчани.

Ајдин по поразот (2:3) од Вардар пред седум дена најави заминување од мак-фудбалот жалејќи се на судиските одлуки кои ги смета за штетни за неговиот клуб. зс/

Фото: ФК Шкупи  

Остани поврзан