• понеделник, 23 декември 2024

ОКТА донираше опрема за гасење на пожари на тешко пристапни терени на ТППЕ Свети Николе

ОКТА донираше опрема за гасење на пожари на тешко пристапни терени на ТППЕ Свети Николе

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Компанијата ОКТА денеска донираше специјална опрема неопходна за гасење на пожари на непристапни терени на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Свети Николе, во чија околина во тек е справувањето со еден од најактивните и најголеми пожари кои ја зафатија нашата земја во изминатите неколку денови.

Донираната опремата се состои од специјални противпожарни средства - метални метли и грбни прскалки - кои се користат од страна на пожарникарите при активностите за спречување на ширењето и гасењето на пожари на особено непристапни терени, каде не може да се дејствува со противпожарни возила и друга механизација.

-Како и секогаш досега, така и сега за време на овие пожари, како компанија и секако како пожарникари сме подготвени да ја обезбедиме целокупната наша поддршка, во опрема, експертиза и директен ангажман при справувањето со огнените стихии. Од искуство знаеме какви потреби имаат нашите колеги од противпожарната единица во Свети Николе, особено при гасењето на пожари на непристапни терени и затоа несебично ја понудивме нашата помош во опрема која ќе им помогне полесно да се справат со актуелниот пожар и сите евентуални вакви предизвици во иднина, изјави командирот на противпожарната единица на ОКТА, Влатко Панковски, на денешното примопредавање на дел од донираната опрема за Противпожарната единица од Свети Николе. вј/вг/

Фото: ОКТА

Остани поврзан