• петок, 20 декември 2024

Оксфам: Пандемијата ја влоши кризата со глад во најсиромашните земји

Оксфам: Пандемијата ја влоши кризата со глад во најсиромашните земји
Лондон, 9 јули 2020 (МИА) - Хуманитарната група Оксфам соопшти дека пандемијата на коронавирусот ја влошила кризата со глад во најсиромашните делови на светот и предупреди дека секој ден од глад може да умрат до 12.000 луѓе, што е поврзано со социјалното и економското влијание на пандемијата. Во извештајот на групата се наведува дека масовната невработеност, нарушувањата во производството на храна и намалувањето на хуманитарната помош како последица на пандемијата може да доведат до глад на околу 122 милиони луѓе во текот на оваа година. Генералниот директор на Оксфам предупреди дека последиците од пандемијата се многу повеќе распространети од самиот вирус и дека тие влијаат на многу земји со среден приход, како Индија, Јужна Африка и Бразил. паг/    

Остани поврзан