• петок, 22 ноември 2024

Околу 68 милиони Јужноафриканци погодени од сушата предизвикана од Ел Нињо

Околу 68 милиони Јужноафриканци погодени од сушата предизвикана од Ел Нињо

Хараре, 18 август 2024 (МИА) - Околу 68 милиони луѓе во Јужна Африка се погодени од суша предизвикана од Ел Нињо, временски феномен што ги уништи посевите низ целиот регион, соопшти Јужноафриканската развојна заедница (САДК), цитирана од британските медиуми.

Лидерите на 16-те земји-членки на САДК се состанаа во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да разговараат за регионалните прашања, вклучително и безбедноста на храната.

Сушата што започна на почетокот на оваа година влијаеше на растителното и сточарското производство, предизвикувајќи недостиг на храна и низа други економски штети.

Околу 68 милиони луѓе, или 17 отсто од населението во регионот, имаат потреба од помош. 

Зимбабве, Замбија и Малави веќе прогласија криза со храна. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан