• вторник, 16 јули 2024

Околу 2.000 војници се обидуваат да ја вратат контролата во фавелите во Рио Де Женеиро

Околу 2.000 војници се обидуваат да ја вратат контролата во фавелите во Рио Де Женеиро

Рио де Женеиро, 16 јули 2024 (МИА) – Бразилските власти почнаа „мега операција“ во Рио де Женеиро, испраќајќи речиси 2.000 воени и цивилни офицери во 10 сиромашни населби за да ја вратат контролата врз областите во кои доминира организираниот криминал.

- Безбедносните сили на државната влада се на улица и се борат против криминалните организации кои сакаат да земат граѓани како заложници, изјави гувернерот Клаудио Кастро.

Полициски службеници се распоредени во западниот дел на градот, област која беше цел на интензивни територијални спорови во кои беа вклучени трговци со дрога во последните години, соопшти државната влада на Рио де Женеиро.

Ширењето на организираниот криминал во западниот дел на Рио де Женеиро доведе до големи конфликти меѓу властите и различните фракции на групите кои се занимаваат со шверц на дрога. јт/

Фото:Принтскрин

Остани поврзан