• понеделник, 23 декември 2024

ОИ 2024: Организаторите не разгледуваат преместување на церемонијата на отворање и покрај ризикот од терористички напади

ОИ 2024: Организаторите не разгледуваат преместување на церемонијата на отворање и покрај ризикот од терористички напади

Париз, 4 декември 2023 (МИА) - Француската министерка за спорт Амели Удеа - Кастера изјави денеска оти не се разгледува преместување на церемонијата на отворање на Олимписките игри, која е планирана на реката Сена во Париз идното лето, и покрај ризикот од потенцијални терористички напади.

-Немаме план Б, имаме план А во кој постојат неколку планови Б, рече Удеа – Кастера во изјава за француските медиуми.

Два дена откако напаѓач познат на француските власти по својот радикален исламизам и психијатриско нарушување со нож усмрти во Париз германски турист, а со чекан повреди уште две лица, министерката за спорт потсети дека „терористичка закана, а особено исламистичка, постои“.

Меѓутоа, „тоа не е нешто ново и не е специфично за Франција, ниту е специфично за Игрите“, нагласи Удеа – Кастера, додавајќи оти се преземаат сите можни мерки за таквите ризици максимално да се намалат.

Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз треба да се одржи меѓу два познати моста на реката Сена на 26 јули, додека Игрите ќе бидат затворени на свечена церемонија на 11 август на стадионот „Стад де Франс“. ег/мс/

фото: „Х“

Остани поврзан