• петок, 22 ноември 2024

ОИ: Стојоски 38-ми во квалификациите на 400 метри

ОИ: Стојоски 38-ми во квалификациите на 400 метри
Токио, 1 август 2021 (МИА) - Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го освои 38. место во квалификациите на трката на 400 метри на Олимписки игри во Токио. Тој патеката ја помина за 46.81 секунда што е негов личен рекорд, но недоволно з апласман во полуфиналето. Во оваа дисциплина се појавија вкупно 48 атлетичари. Најдобар резултат имаше Американецот Мајкл Чери со време 44,82 секунди. Од Македонците, до крајот на Олимпијадата треба да настапат уште Пулексенија Јовановска (карате, кати) на 5 август и Могомедгаджи Нуров (борење слободен стил, 97 кгр.) на 6 август. зс/

Остани поврзан