• понеделник, 25 ноември 2024

ОИ: Првата светска тенисерка елиминирана уште на стартот

ОИ: Првата светска тенисерка елиминирана уште на стартот
Токио, 25 јули 2021 (МИА) - Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти загуби во првото коло на Олимписките игри, правејќи 55 грешки. Шампионката од Вимблдон, загуби од Шпанката Сара Сорибрис-Тормо со 4:6 и 3:6. Австралијката по втор пат оваа сезона го заврши турнирот по првото коло. Од друга страна, Сорибрис-Тормо, победува Топ 10 тенисерка по втор пат во 11 натпревари. Претходно таа ја победи Наоми Осака (10) во Купот на Федерации. зс/

Остани поврзан