• понеделник, 23 декември 2024

ОИ: Италијанскиот спринтер Џејкобс победник на 100 метри

ОИ: Италијанскиот спринтер Џејкобс победник на 100 метри
Токио, 1 август 2021 (МИА) - Италијанецот Ламонт Џејкобс го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, во трката на 100 метри. Тој најбрзата спринтерска трка ја заврши со време 9,80 секунди што е негов личен рекорд. Среброто отиде кај Фред Карли од САД со време 9,84. Третото место и бронзениот медал го освои Андре де Грас од Канада - 9,89 секунди. Италија во период од само неколку минути освои две златни медали. Пред Џејкобс, радост на „Аѕурите“ им донесе и Џанмарко Тамбери во дисциплината скок во височина. зс/  

Остани поврзан