• вторник, 16 јули 2024

Од 21 октомври досега во Газа влегле 476 камиони со хуманитарна помош

Од 21 октомври досега во Газа влегле 476 камиони со хуманитарна помош

Газа, 6 ноември 2023 (МИА) - Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека бројот на камиони со помош што влегле во Газа од 21 октомври достигнал 476 - или околу 30 камиони дневно. Во објава на платформата Х (Твитер) се наведува дека во неделата влегле 25 камиони.

Како што пренесува Ал Џезира, пред почетокот на војната дневно во Газа влегувале меѓу 750 и 850 камиони.

Околу 500 од нив дојдоа преку преминот Рафа, додека останатите беа обични, комерцијални камиони кои користеле други премини контролирани од Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан