Од Флорида успешно лансиран израелски телекомуникациски сателит
- Израелскиот телекомуникациски сателит Дрор-еден (Dror-1) успешно е лансиран од Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида, со ракетата Фалкон 9 (Falcon 9) на компанијата СпејсИкс (SpaceX), соопшти денеска Израелската јавна аеронаутичка компанија Израел Аероспејс Индустрис (Israel Aerospace Industries – IAI).
Ерусалим, 13 јули 2025 (МИА) – Израелскиот телекомуникациски сателит Дрор-еден (Dror-1) успешно е лансиран од Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида, со ракетата Фалкон 9 (Falcon 9) на компанијата СпејсИкс (SpaceX), соопшти денеска Израелската јавна аеронаутичка компанија Израел Аероспејс Индустрис (Israel Aerospace Industries – IAI).
Компанијата соопшти дека станува збор за најнапредниот сателит изграден досега во Израел.
Комуникацискиот сателит Дрор-еден, чија цена е проценета на околу 200 милиони долари, треба да ги обезбеди комуникациските потреби на Израел во најмалку наредните 15 години и да придонесе за „зачувување на националните стратешки капацитети на земјата“, рече Боах Леви, генерален директор и претседател на израелската аеронаутичка компанија.
Во септември 2026 година, ракетата Фалкон 9 на Спејсекс, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, експлодираше за време на тест на земјата кај лансирната рампа во Кејп Канаверал на Флорида, кога беше уништен израелскиот телекомуникациски сателит Амос-шест (Amos-6).
Производителот на тој сателит, државната аеронаутичка компанија, тогаш го опиша како најголем и најнапреден сателит некогаш изграден во Израел, со проценета вредност меѓу 200 и 300 милиони долари. јт/
Фото: СпејсИкс на Х