• понеделник, 23 декември 2024

Од фабрика за марихуана за медицински цели украдени над 550 килограми марихуана

Од фабрика за марихуана за медицински цели украдени над 550 килограми марихуана

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) – Три лица физички нападнале вработен во обезбедувањето во фабрика за марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од 552,85 килограми марихуана. 

Како што информира денеска МВР, кражбата била пријавена вчера во 23 часот во Одделението за внатрешни работи во Гостивар. 

-Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана, соопшти МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. 

Претходно,л на 4 октомври годинава од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата за оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката, одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан