• среда, 03 јули 2024

Од утре времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Прилеп-Крушево - Сладуево

Од утре времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Прилеп-Крушево - Сладуево

Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - Од утре сообраќајот на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево - Сладуево ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Како што информираа од АМСМ, времената измена на сообраќајниот режим е заради започнување со градежни активности во врска со проект санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. цр/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан