• петок, 22 ноември 2024

Од утре влез во објекти само со сертификат за примени две дози вакцина или прележан Ковид-19

Од утре влез во објекти само со сертификат за примени две дози вакцина или прележан Ковид-19
Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) - Од утре за влез во објекти е потребен сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни. - Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, се наведува во соопштението од Министерството. мс/

Остани поврзан