Украдена спомен плочата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Жена парк
- Од Споменик на култура на Македонците од Егејскиот дел на Македонија поставен во Жена парк во Скопје вчера со употреба на физичка сила била одземена спомен плоча, соопшти МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Од Споменик на култура на Македонците од Егејскиот дел на Македонија поставен во Жена парк во Скопје вчера со употреба на физичка сила била одземена спомен плоча, соопшти МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат и дека вчера во СВР Скопје, С.А.М.(47), С.Ш.(68) и М.Г.(69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. сст/лв/
Фото МИА архива