Од Рогачево кон Јажинце забрана за сообраќај за камиони, од Тетово кон Попова Шапка за автобуси
- На патниот правец село Рогачево кон граничниот премин Јажинце е воведена забрана за тешки товарни возила, а на патниот правец од Тетово кон Попова Шапка забрана за движење за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Скопје, 21 јануари 2024 (МИА) - На патниот правец село Рогачево кон граничниот премин Јажинце е воведена забрана за тешки товарни возила, а на патниот правец од Тетово кон Попова Шапка забрана за движење за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема, информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Зимска опрема за сите возила е задолжителна и на патниот правец кон граничниот премин Делчево.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/
Фото: МИА архива