• сабота, 18 мај 2024

Од европските лидери Путин им ја честиташе Новата година само на Вучиќ и Орбан

Од европските лидери Путин им ја честиташе Новата година само на Вучиќ и Орбан

Москва, 30 декември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин од европските лидери Божиќ и Нова Година им ги честиташе само на српскиот претседател Александар Вучиќ и на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесе Бета.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека во честитката до Вучиќ, Путин истакнал дека односите меѓу двете земји, засновани на вековните традиции на пријателство, се развиваат на конструктивен начин.

Рускиот претседател, исто така, изразил подготвеност да продолжи дијалогот и продуктивната заедничка работа за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда.

Путин традиционално им ја честита Новата година на шефовите на странски држави и влади, а денеска Кремљ го објави списокот на земји кои ја добиле телеграмата.

Но, веќе две години на таа листа ги нема лидерите на Велика Британија, Германија, САД, Франција, Јапонија и други земји кои ги смета за непријателски. јт/

Остани поврзан