• понеделник, 23 декември 2024

Од денеска до 31 октомври аплицирање за финансиска поддршка за пченица, јачмен, 'рж, овес и сончоглед

Од денеска до 31 октомври аплицирање за финансиска поддршка за пченица, јачмен, 'рж, овес и сончоглед
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Од денеска до 31 октомври сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над еден хектар, кои оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети и оствариле принос од најмалку 4 000 килограми на хектар, 3 000 килограми јачмен, рж и овес и 1 500 килограми сончоглед, ќе можат да аплицираат за дополнителнна финансиска поддршка. Како што соопшти Платежната агенција, висината на дополнителната финансиска поддршка е 5 760 денари по хектар. -Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ, наведува Агенцијата. мч/дма/

Остани поврзан