• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
11 февруари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јануари. Денеска е Пренесување на моштите на св. Игнатиј Богоносец. Антиохискиот епископ Игнатиј пострада за Христа за време на владеењето на императорот Трајан, во Рим, а неговите мошти христијаните ги собраа и ги пренесоа во Антиохија. Ова прво пренесување на моштите стана веднаш по неговата смрт, во почетокот на вториот век. Моштите на свети Игнатиј уште еднаш беа пренесени, сега во Рим во црквата Свети Климент, пред арапското освојување на Антиохија во седмиот век. Денес Црквата, сеќавајќи се на двократното сочувување на моштите на свети Игнатиј, го празнува исклучително важното сведоштво на овој антиохиски свештеномаченик. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Благословена Девица Марија Лурдска. Во 1858 година Мајката Божја и се прикажала на Бернарда, девојка од Лурд, во Франција. „Јас сум безгрешен зачеток", рекла Марија. Четири години пред тоа, во 1854 година, папата Пио Деветти ја прогласил Марија дека е безгрешно зачната, со зборовите: „Поради предвидената смрт на својот Син, Господ ја ослободил Марија од клеветите на источниот грев". Од тогаш, па до денес Лурд ги повикува луѓето на молитва, покор и обраќање. Годично Лурд го посетуваат милиони луѓе. При обраќањето на Мајката Божја таму се случиле многу чудесии: многу тешко болните луѓе оздравеле, а големите грешници се промениле и станале добри луѓе. Лурдските прикажувања на Мајката Божја ги потикнуваат христијаните на свет живот, скромност, подготвеност за жртва и на молитва и љубов кон болните и сиромашните.

Остани поврзан