• вторник, 05 ноември 2024

Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Непјидо, 16 август 2023 (МИА) - Најмалку 32 лица загинаа во свлечиште во рудник за жад во северниот дел на Мјанмар, изјави денеска претставник на локалната противпожарна служба.

Свлечиштето се случи во неделата во планинскиот град Хпакант во државата Качин, изјави Са Тај За од противпожарната служба за Си-Ен-Ен.

Властите ги вратија сите тела на рударите освен еден на нивните роднини. Одронот однел вода во блиското езеро и ги заробил рударите. Мјанмар произведува околу 70 проценти од светскиот жад, а Хпакант е дом на некои од најголемите и најпрофитабилните рудници на тој минерал во светот, вредни милијарди долари. мс/

фото: Принтскрин Јутјуб

 

Остани поврзан