Одрони на патот кај селата Истибања и Калиманци
- На регионалниот пат А3, на делницата помеѓу селото Истибања и браната Калиманци, вечерва се регистрирани одрони кои делумно го попречуваат сообраќајот.
Македонска Каменица, 4 август 2025 (МИА) – На регионалниот пат А3, на делницата помеѓу селото Истибања и браната Калиманци, вечерва се регистрирани одрони кои делумно го попречуваат сообраќајот.
Според пријавите од терен, на патот има поголеми камења и земја кои паѓаат од околните падини, што претставува сериозна опасност за возачите.
Дополнително, на одредени делници низ територијата на Македонска Каменица се регистрирани и помали одрони.
Од надлежните служби апелираат возачите да се движат со зголемено внимание, да ја прилагодат брзината на движење и да внимаваат на предупредувачките знаци.
Екипи на ЈП Македонија пат се упатени на терен за расчистување и обезбедување на сообраќајницата. вс/вј/
Фото: МИА архива