• четврток, 27 јуни 2024

Одржан 54 Шампионат во традиционално карате

Одржан 54 Шампионат во традиционално карате
Скопје, 9 мај 2022 (МИА) - Петнаесет клубови со 96 натпреварувачи земаа учество на 54. Државен Шампионат на Република Северна Македонија во традиционално карате за сениори-јуниори, кадети и деца што се одржа викендов во Скопје. Како што информираат од Македонска Традиционална Карате Федерација, 54. државен шампионат ги опфати дисциплините кихон, кихон ипон кумите, џиу ипон кумите, кого-кумите и кумите. Во кого-кумите во сите категории најдобри беа Мила Саздова, Димитри Влахо, Мила Младеновска, Ристе Тодоров, додека, во кумите, исто така, Димитри Влахо. Прво место во џиу ипон кумите освоија Матеј Мангаровски, Томи Ристов и Камелија Недев и Марта Димковска, додека, во кихон најдобри беа Филип Пасков, Марта Димковска, Томи Ристов, Камелија Недев, Дамјан Трајковски, Јана Боцевска, Дамјан Ристовски (кафен), Војдан Паламидовски (црвен), Ива Спасеноска и Масимо Меле. Во кихон ипон кумите првото место припадна на Дамјан Трајковски, Филип Недев, Ели Василева, Дамијан Симоновски (кафен), Ѓорѓи Кокурманов (црвен), Ива Спасеновска и Масимо Меле. ар/дма/

Остани поврзан