• петок, 22 ноември 2024

Одржан онлајн состанок на бордот на директори на ИТКФ

Одржан онлајн состанок на бордот на директори на ИТКФ
Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) - Бордот на директори на Светската карате федерација ИТКФ во текот на вчерашниот ден одржа онлајн состанок на кој учество зема и македонскиот каратист Дејан Недев. - Се разговараше за настанатата ситуација со Ковид 19 и беше одлучено да поради безбедност и здравје на каратистите во светот, сите предвидени настани за оваа година се одложат за наредната година. Беа донесени многу важни одлуки за развојот на традиционалното карате во светот и беа формирани и одобрени неколку комитети и комисии кој ќе работат во интерес на ИТКФ, информираа од МТКФ. Се избраа неколку комисии и комитети, во нив од нашата ќе членуваат  Венцислав Недев (во техничкиот комитет и на шихан-каи комитетот) и  Дејан Недев (во комитетот на спортисти актуелни и поранешни светски шампиони). Доколку до крајот на годината се подобри ситуацијата со пандемијата можно е да се одржат континенталните шампионати во Европа, Африка, Америка, Азија и Океанија, а светскиот ИТКФ шампионат е предвиден за 2022 година во Европа. зс/

Остани поврзан