• петок, 22 ноември 2024

Одржан вториот меѓународен меморијален турнир „Илија Карески“ во пинг-понг

Одржан вториот меѓународен меморијален турнир „Илија Карески“ во пинг-понг

Прилеп, 14 февруари 2023 (МИА) – Над 180 македонски и натпреварувачи од Грција, Србија, Албанија, Косово и од Црна Гора настапија на вториот меѓународен меморијален турнир „Илија Каревски“ што во организација на пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ се одржа во Прилеп.

На дводневниот турнир одржан изминатиот викенд во неколку возрасни категории, најуспешни кај сениорите беа македонската пингпонгарка Софија Хасану во женска и Душан Павловиќ од Србија во машка конкуренција.

Во младинска категорија, златото на машкиот турнир го освои Кејди Калаја од Албанија, додека најуспешна во женска конкуренција беше пингпонгарката од домашниот клуб „Младост 96“, Софија Хасан.

Албанецот Арон Кони во машка и Ирини Христомиду од Грција во женска конкуренција беа најуспешни во кадетска категорија, додека во категоријата млади кадети златните медали ги освоија Елена Маркоска од пингпонгарскиот клуб „Крушево“ и Лазар Крстиќ од Србија.

Васко Манасиевски беше најуспешен пингпонгар во категоријата ветерани од 40 до 49 години, Сашо Љамов го освои златниот медал во возрасната категорија од 50 до 64 години, додека во категоријата ветерани 65+ најуспешен натпреварувач беше Петар Јованоски. ег/дма/

Остани поврзан