• вторник, 13 јануари 2026

Одржано редовно годишно Собрание на Кошаркарската федерација

Одржано редовно годишно Собрание на Кошаркарската федерација

Скопје, 25.декември 2025 (МИА) – Кошаркарската федерација на Македонија денеска, во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание. На Собранието беа присутни 39 делегати од 45 (делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации) со право на глас.

На седницата беа донесени одлуки за усогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми.

На собирот на највисокото тело на федерацијата се дискутираше и за некои укажувања од страна на претставници на Здружението на младински лиги и тренерската организација. Федерацијата апсолутно ги поддржа нивните размислувања и идеи, и изрази максимална подготвеност за имплементирање во кошаркарските регулативи во наредниот период. Мн/

Фото: МКФ

Остани поврзан